Со нови алатки и методи на учење ЕВН продолжи да ја развива „Платформата 2020“ со која се поддржува дуалното образование во земјава. За учениците од специјализираните ЕВН паралелки за едукација и обука на електро монтери во Скопје и Гостивар обезбедени се таблет комјутери, а со поддршка на Швајцарскиот проект “Образовабние за вработување E4E@мк.”овозможен епристап до „online“ платформата за учење „ Канвас“. Целта е учениците да имаат пристап до повеќе ресурси за учење и да бидат поддржани во професионалниот развој уште пред да  почнат да работат во ЕВН.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН,  г. Штефан Петер, амбасадорката на Швајцарската конфедерација H.Е. Сибил Сутери министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми на денешната промоција доделија 100 таблет компјутери за  ученици и професорите од СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје.

  • Од 2017 г. кога првата генерација го почна школувањето па до сега постојано го надоградувавме процесот на учење. Од овој момент вие сте првите ученици во земјава кои принтаните учебници и тешки училишни торби ги менувате со таблет компјутери тешки 300 гр. кои ќе ве поврзат со светот на дигиталното учење. Користете ги за да го соберете сето знаење и да бидете подготвени за предизвикот кој е пред вас, ве чекаме во нашата компанија,  им порача Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер.

Преку соработката со Швајцарската амбасада во Македонија е  обезбеден пристап до „online“ платформата за учење „ Канвас“на која се интегрирани сите учебници и вежби кои им се потребни на учениците.

„Целта на платформата Canvas е да се поедностави наставата, да се подобри учењето и да се надминат проблемите на традиционалните практики за учење, што е доволен мотив за таа да ја добие нашата поддршка. Унапредувањето на дигитализацијата и иновациите во Северна Македонија, особено во стручното образование и обука, ќе придонесе за конкурентност на младaта работна сила, приватниот сектор и националната економија “, рече амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, H.Е. Сибил Сутер.

Голема благодарност до ЕВН и до сите кои го поддржуваат дуалното образование искажа министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми.

  • Овој исклучително модерен концепт на образование кој се фокусира на развој на практичните вештини на учениците, започна овде и тоа токму благодарение на компанијата ЕВН Македонија која продолжува да се заложува и да биде партнер на институциите на системот во напорите за овој тип на образование да се проширува и надградува додека не стане системско решение на национално ниво, рече г. Адеми.

Интересот на секоја нова генерација за ваквите специјализирани паралелки расте секоја година истакана директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје, Димитар Ѓеоргиев. Според него ова е вистинскиот пат да се создадат млади професионалци за компаниите со што ќе се подобрува континуирано процесот на дуално образование во земјава.

На крајот на оваа учебна година 20 тина ученици од СЕТУ „ Михајло Пупин“ – Скопје кои ќе го завршат своето образование целосно обучени за работа на терен ќе бидат веднаш вработени во ЕВН и ќе заработуваат почетна плата од над 20 000 денари.

OhridNews