Во изјава дадена по денешната средба со американскиот амбасадор Пол Волерс, лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека оставка нема да даде доколку тоа е барање на предавници и непријатели на ДПА, туку единствено ако тоа е по барање на членовите на ДПА.

Меѓу непријателите на ДПА, Тачи го наведе и струшкиот градоначалник Зијадин Села кој пред два дена, во име на огранокот на партијата во Струга,  од него побара да си замине од функцијата претседател на Демократската партија на албанците – ДПА, бидејќи како што рече Села, очигледно било дека Тачи не може да и донесе изборна победа на партијата.

Во својата денешна изјава Тачи на струшкиот градоначалник, меѓу другото,  му посака ментално здравје.

OhridNews