Оваа американската филмска драма е во режија на Тејт Тејлор, а главните улоги ги толкуваат: Ема Стоун, Виола Дејвис и Октавиа Спенсер.
Во филмот се зборува за девојка од Југот која се враќа по завшениот факултет, одлучна да стане писателка. Животите на своите пријатели и животот во малиот Мисисипи ги превртуава наопаку, кога одлучува да ги интервјуира црните жени кои што своите животи ги минале грижејќи се за истакнатите семејства од Југот.
Филмот ќе се прикажува во голема сала на охридскиот центар за култура со почеток 20 часот, а цената на билетот е 100 денари.