Националната германска телевизија- NRD, една од најгледаните во Германија  деновиве го емитуваше документарниот филм „ Тајните на Охридското езеро“ .

Авторот на филмот на гледачите им ги доловува убавините на езерото, кристално чистата езерска вода, видовите риби кои егзистираат, а зборува и за охридскиот бисер, неговата изработка, одгледувањето на пастрмката.

Документарниот филм беше реализиран со помош на нуркачкиот центар „  Амфора“, чии членови го помогнаа подводното снимање на изворите кај Свети Наум, археолошкиот локалитет Плоча –  Миќов град кај Градиште, како и на охридскиот тркалезен сунѓер и плашицата од која се изработува надалеку познатиот охридски бисер. 

Документарниот филм објавен на NRD може да го погледнете тука.

 

OhridNews