Легендарниот боксер Мајк Тајсон е убеден дека во најдобрите денови од својата кариера, со нокаут во првата рунда, би ги победил украинските браќа Владимир и Виталиј Кличко. Некогаш најдоминантниот боксер во тешка категорија истакнал дека никој не му понудил доволна сума на пари за тој повторно да влезе во рингот.


„Јас во најдобра форма и браќата Кличко, ниту еден од нив не би имал никакви шанси. тоа ќе беше нокаут во првата рунда“, рекол Тајсон.

Тој истакнал дека имал понуди повторно да боксува, но дека не бил задоволен од понудената сума.

„Одредени спонзори нудеа значајна сума на пари, но тоа беше многу малку за враќање во рингот. Ќе биде тешко некој да ме убеди повторно да се вратам во рингот“, дополнил Тајсон.

Челичниот Мајк, во својата автобиографија, која ја објави во вторникот, открил дека на некои мечеви боксувал дрогиран, а дека допинг контролата ја мамел користејќи лажен пенис со туѓа урина.

Тајсон, неодамна изјави дека во легендарниот меч кога на Ивандер Холифилд му одгризна дел од увото, имал желба да го убие противникот.

 

„Макфакс“