И покрај најавите дека новите цени стартуваат денес, од Здружението на такси превозници информираат дека сеуште во тек се административните процедури, за кои се надеваат дека ќе завршат во текот на наредните десет дена, по што ќе започне примената на новите цени.
Согласно донесената одлука на советот на општина Охрид, новата цена на такси превозот ќе изнесува 50 денари старт со вклучен еден километар и 30 денари за секој изминат нареден километар.