Tакси-компаниите  кои што вршат трговска дејност на територијата на општина Охрид на своите такси возила започнаа да поставуваат лепенки со новиот општински грб.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  при општина Охрид, велат дека овој процес ќе се реализира во текот на наредните неколку дена.

Инаку, информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните  и средни училишта во градов.

OhridNews