
Тогаш возачот му побарал пари за такси услугата и објаснил дека треба да се врати на друг повик во Охрид. Во истиот момент, патникот од јакната извадил огнено оружје пиштол и го вперил кон возачот со наредба да не оди никаде односно да чека тука.
По извесно време, таксистот го искористил моментот на невнимание на патникот,успеал да го стави возилото во движење и со голема брзина се одалечил од местото упатувајќи се према магистралниот пат од каде преку мобилен телефон настанот го пријавил во полиција. Со брза и ефикасна акција на полициските службеници на терен, пронајдено е и приведено лицето Ј.Ц кој оружјето во мегувреме го сокрил во шумата.Увидна екипа изврши увид на лице место,оружјето е пронајдено и со потврда е одземено за понатамошна постапка.
Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Разбојништво во обид“, СВР Охрид од слобода го лиши лицето Ј.Ц.
ohridnews












