
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чека предлозите и во зависност од имињата ќе одлучат како ќе постапуваат во Комисијата за избори и именувања. Расправата може да трае и неколку дена.
Продолжението на конститутивната седница е во понеделник со една точка на дневен ред, утврдување на составот на Комисијата за избори и именувања, со која треба да претседава Илоја Димовски од ВМРО ДПМНЕ.
Очекувањата се дека по изборот на собраниски спикер Претседателот Иванов ќе го даде мандатот со што ќе се овозможи мирен трансфер на власта и формирање нова Влада, јавува „Телма“.
OhridNews











