Филип Талески со шест голови беше најефикасен во составот на Македонија на мечот со Германија кој заврши без победник (25-25). Членот на Рајн Некар максимално го искористи простор кој му беше отворен поради доброто чување на Кирил Лазаров од германските репрезентативци.
– Денови за историјата на македонскиот ракомет. Никогаш не сме завршиле први и не сме пренесле бодови во главната фаза, а на ова ЕП во Хрватска завршивме први и носиме три бодови. Сепак, мора да останеме со ладни глави и да се одмориме, бидејќи лавовски гиниме на теренот за националниот дрес. Ни преостануваат уште три натпревар во кои мора да ги повториме игрите од претходните три за висок пласман на ЕП. – изјави Филип Талески.
Македонија во главната фаза ќе пренесе три бодови, а по комплетирањето на мечевите од Ц и Д групите ќе ги дознае сите противниците и распоредот на одигрување.
ЕП: Реми рамно на победа на Македонија !
OhridNews