Екипата на Металург не успеа во обидот да го симне Вардар од тронот во Купот на Македонија претрпувајќи пораз од седум голови разлика (31-24) во финалето во спортската арена „Билјанини Извори“.


– Овој Металург кој играше со Вардар не е оној вистинскиот. Ние се подготвувавме за мечот со Вардар, влеговме многу мотивирани, така и почнавме, но потоа правевме грешки кои се не дозволиви. Кога ќе се направи паралела од минатата до оваа сезона, далеку се подобри работите и одат во позитивна насока. – рече Филип Талески.

Бекот на Металург со вкупно 11 голови ја освои наградата за најдобар стрелец и спреци „црвено црна“ доминација во Охрид. – Оваа награда им ја посветувам на моите сограчи. Без нашата заедничка борба во одбраната и асистенциите во нападот немаше да стигнам до оваа награда.


„Металурзите“ влегоа мотивирано и добро го отворија мечот, но „црвено црните“ брзо поставија резултатски баланс, а потоа го презедоа и водството и го преточија во победа.

– Им параривме рамноправно во првиот дел, во вториот дел ја загубивме силата, а со тоа оди и концетрацијата и се останато. Вардар кога требаше го демонстрираше квалитетот и заслужуваат само честитки. Исто така морам да ги пофалам и моите играчи кои со две раце го прифатија предизвикот наречен Вардар. – потенцираше Лино Червар.


По поразот од Вардар во финалето Металург остана на петте титули освоени во Купот на Македонија.

Фото: Талески ја расипа „црвено црната“ доминација во Охрид

КУП: Вардар за класа подобар од Металург во финалето

Мх.П.