Клубот од Автокоманда, Металург е минато за Филип Талески кој после завршување на Мундијалот на кој ќе учествува и Македонија ќе се пресели во германскиот бундеслигаш, Рајн Некар Левен.


– Се некако брзо се случи мојот трансфер во Рајн Некар, но добро е што се` се заврши пред почетокот на Светското првенство. Среќен сум што ќе можам да играм во најдобрата и најквалитетна лига во светот, но тажен затоа што заминувам од мојот дом, Металург. Голема доза на мир и спокој ми дава присуството на Дејан Манасков во екипата кој ќе ми биде од голема помош за моја побрза аклимитизација. – изјави Талески.

Првично, договорот меѓу двата клуба беше Талески да се пресели во 2018 година, но Рајн Некар дополнително плати за преселба пред договорениот термин на Талески во Германија.

Талески после Мундијалот во Франција заминува во Германија

OhridNews