На најдобар можен начин со повик во сениорската селекција крунисана е маестралната сезона за Филип Талески член на младинскиот тим на Металург. Тој во Охрид на подготовките за бараж мечот со Грција за прв пат се наоѓа во друштво на најдобрите ракометари од земјата.
– Чувството е прекрасно е да се биде дел од ова одбрано друштво. Повикот во селекцијата е остварување на мојон сон и се надевам дека ова е почеток на мојата репрезентативна кариера –рече Талески.
Селекторот на „фалангата“ Ивица Обрван одамна најави дека ќе ги отвори вратите за најмладите во репрезентацијата. Тоа и се случи Талески уште со Мартин Манасков и Мартин Велкоски се дел од селекцијата на подготовките во Охрид.
– Мислам дека ќе ја имам поддршката од репрезентативците и од селекторот и ќе добијам шанса да настапам на бараж дуелите со Грција. Имам што да понудам, но, стрпливо сите млади ракометари треба да ја чекаме својата шанса – додаде 18-годинишниот ракометар.
Сезонава што изминува е пресвртница во кариерата на младиот крушевчанец. Тој дебитираше за Металург во Лигата на Шампиони и беше клучна алка во двете младински селекции кои обезбедија пласман на Европското првенство.
– После настапите со младинската репрезентација потајно се надевав на повик, а прет тоа воопшто не се надевав дека ќе бидам дел од селекција во бараж дуелите со Грција. Но, оваа сезона се случи пресврт во мојата кариера. Бев дел од двете селекции кои обезбедија пласман на ЕП и дебитирав за првиот тим на Металург – заврши Талески.
Од следната сезона ништо чудно Талески да биде прекомандуван во првиот тим на Металург заедно со Миркуловски, Мојсоски, Вугринец и останатите.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.