Талибанците им соопштиле на авиокомпаниите во Авганистан дека жените не можат да се качат на домашни или меѓународни летови без машка придружба, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на два извора.
Изворите, кои не беа именувани од безбедносни причини, соопштиле дека Министерството за спречување на пороците и промоција на доблестите вчера испратило писмо до авиокомпаниите во кое ги информирало за новите ограничувања.

Според британските медиуми, портпаролите на ова министерство и на Министерството за култура и информации не биле подготвени веднаш да дадат коментар за новите правила/ограничувања.
Портпаролот на администрацијата на талибанците претходно изјави дека жените кои патуваат во странство за да студираат треба да бидат придружувани од роднини.
OhridNews











