Повратниците во македонскиот фудбал, Баже Илијоски и Драган Начевски ќе бидат задолжени за тресењена противничките мрежи во вториот дел од сезоната. Во првиот дел од првенството  “зелените“ на 18 меча погодија 19 пати, со ангажирањето на овај тандем од клубот очекуваат ваквиот биланс да се подобри.

Илијоски кој по шест месеци се врати во Металург, очекува солидна подршка од Начевски на шпицот на нападот. 


–    Секако дека Начесвски е квалитетен играч и неговиот ангажман ќе биде од големо значење за нашата екипа. Во нападот ќе биде од голема подршка, иако досега не сме играле зедно на подотогвките имаме одлична соработка  добро се вклопуваме и нема да има никаков проблем  – вели Илијоски.

По шест години интернационална кариера во клубови од Грција и Азербејџан “кам-бек“ во македонскиот шампионат направи Драган Начевски кој со своето богато искуство ќе биде опција повеќе за стратегот Жикица Тасесеки.

–    Одлучив да се вратам во македонската лига, Металург  е одлично организиран клуб и со добра и напорна работа ќе ги постигнеме очекуваните резултати –вели Начевски.


Фудбалерите кои ќе бидат задолжени  за тресење на противничките мрежи се оптимисти дека на крајот од сезоната ќе успеат да ја исполнат целта. 

–    Дојдов во една организирана екипа и јас сакам да помогнам во остварување на целта на клубот, излез во Европа –истакна Начевски кој во наредните две сезони ќе го носи зелениот дрес.


Повремениот македонски репрезентативец Илијоски кој беше остсутен шест месеци но добро ја познава средината најавува атак на двете титули и во првенството и во купот.

–    Ќе се обидеме да освоиме една од титулите, дали купот или првенството, во двете сме во добра позција, и нема да се предадеме пред време.  Мислам дека акцентот ќе биде ставен на купот., но шестте бода предност не е многу и секако дека ќе направиме се да ја стигнеме Шкендија –потенцираше Илијоски.

М.П.