Втора среќа за интернационалецот Златко Танески кој доби покана за настап за македонската фудбалска репрезентација за пријателскиот натпревар со селекцијата на Кина. Танески кој настапува во полскиот Белхатов, и лани во овај период од годината доби повик од Јонуз но тогаш мечот со Либија  беше одложен, по  изостана неговиот дебитатнски настап.


Се надевам дека ќе имам среќа и овај пат мечот со нема да се откаже. Чест е да се игра за македонската репрезентација , па и на вакви пријателски натпревари. Нормално се радувам и среќен сум, овај повика доаѓа како подарок за трудот во изминатиот период – вели Танески.


Танески (27)  три и пол години го носеше дресот на Лех, каде што во 44 натпревари постигна еден погодок. Дефанзивецот во оваа  сезона, сините бои на Лех ги замени со белите на Белхатов. Стандарден е во последната четворка играјќи 14 натпревари во новиот клуб.

М.П.