
Претседател на ОО на СДСМ Охрид ќе биде Лазе Таневски кој и досега ја вршеше оваа функција. Во Струга за претседател на ОО е назначена Соња Стојкоска.
Портпаролот на СДСМ, Костадинов најави дека во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите општински организации, а ќе се заокружат и промените во централното раководство на партијата. Тој кажа дека наскоро ќе следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.
OhridNews











