Фудбалерот од одбраната на скопски Вардар, Златко Таневски кој играше пет години во Полска, смета дека преголем е притисокот врз домашните фудбалери, се двоуми меѓу Германија и Шпанија, иако не исклучува некое изненадување. Очекува “затворен“ прв дел, посакува да ја види Македонија на големо натпреварување иако во моментов сме реално далеку од такво остварување.

– Во групната фаза нормално е за очекување позатворен фудбал, пред се мислам од страна на “аутсајдерите” ако воопшто ги има, условно кажано појаките нормално е да нападнат уште од почеток и да бркаат за сигурен пласман во втор круг, каде веќе нема тактизирање – вели Танески.

Мина пет години во Полска, дел од нив во Лех Позњан, а авантурата ја заврши во Белхатов.

– Во Полска поминав 5 години и добро го научив нивниот менталитет, единствен проблем на домаќинот ќе биде психолошкиот момент, пратам што се случува околу репрезентацијата каде имаат огромен притисок. Досега немаат позабележителен успех, а сега добија можност како домаќини директно да се пласираат и јавноста очекува и премногу. Приоритет им е влез во вториот круг, иако и тоа би бил успех – истакна Таневски.

Каква атмосфереа се очекува за време на целиот шампионат, а посебно во Позњан. градот каде се играат мечевите, каде ти помина неколку сезони?

– Знам само дека таму каде што ќе играат полјаците ќе биде пеколно,конкретно за Познан сигурно ќе биде исто така добра атмосфера, во секој случај премногу се “луди“ и премногу бараат и тоа може само да им одмогне на фудбалерите, но може и ќе ги дигне меч со две острици е тоа – смета Таневски.

Очекуваш еден ден Македонија да се најде на еден вака голем фудбалски самит?

– За Македонија секако дека би сакал, кој не сака, меѓутоа шансите моментално па и во блиска иднина се минимални,  реалноста нажалост е таа – потенцираше Таневски кој со Вардар ја освои шампионската титула, очекува жешко лето во кое  посакува да ја “фати“ европската есен.

М.П.