Сандерленд со убедливата победа над Евертон (3-0) и теоретски го обезбеди опстанок во Премиер лигата, а ранг подолу се преселија Њукасл, Норвич и Астон Вила.


Мечот со Евертон воедно беше и последен за „црните мачки“ сезонава на домашен терен во Премиер лигата, а со навивачите се збогуваа со триумф вреден опстанок во елитата.


После натпреварот фудбалерите и стручниот штаб направија почесен круг поздравувајќи ги навивачите, а шоу тогаш имаше менаџерот Сем Алардајс или познат како Биг Сем. Тој танцуваше кон навивачите, а неговото играње веднаш стана хит на социјалните мрежи.


Биг Сем кормилото во Сандерленд го презеде во 9-то коло кога тимот немаше ниту една победа и со три нерешени средби и пет порази се наоѓа на последното место.

OhridNews