Министерот за здравство Арбен Таравари, денес, во изјава дадена за медиумите за случаите со починатото двегодишно девојче од Охрид и бебето од Струга, рече дека е формирана Комисија.
– Формирана е Комисија во Министерството за здравство и ги чекаме резултатите од обдукцијата за починатото дете од Охрид. Имаме и извештај од директорот на болницата и дежурниот лекар. Ако има лекарска грешка за смртта на двегодишното девојче во Охрид, некој ќе мора да одговара. Ќе ги почекаме резултатите од обдукцијата и јас ќе инсистирам, доколку резултатите покажат дека се работи за лекарска грешка, да има одговорност. А за случајот во Струга ќе ви кажам дека не можам јас да одговарам за се што ќе почине, односно тоа се случува кај деца кои имаат вродени заболувања. Детето починало дома и тука мислам дека случајот е јасен“, изјави Таравари.
OhridNews












