Јохан Тарчуловски денес излезе од затворот во Диц,Германија и утре се очекува да пристигне во Македонија. Тарчулоски кој по излегувањето го бакнал македонското знаме, го пречекале неговата сопруга и блиските роднини и пријатели.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во понеделникот објави дека Тарчуловски, откако одлежал осум од неговата 12-годишна затворска казна, ќе биде ослободен.
МКТЈ го осуди поранешниот полициски офицер Тарчуловски, за воени злосторства извршени за време на конфликтот во Македонија во 2001 година, меѓу македонските безбедносни сили и етничките албански бунтовници.
Тој беше прогласен за виновен за водење на полициската единица која убила тројца цивили, етнички Албанци и извршила други злосторства во село Љуботен, скопско.
Судот го ослободи претпоставениот на Тарчуловски, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој беше обвинет за командна одговорност.
Makfaks












