Откако адвокатите на Јохан Трчуловски ја започнаа постапката за негово предвремено пуштање на слобода, јавноста со нетрпение очекува  Хашкото обинителство да ја уважи оваа одлука.

По издржувањето две третини од дванаесетгодишната затворска казна, на Трчуловски му се отвора законска можност за ослободување. Неговиот адвокат Антонио Апостолоски, верува дека обвинителството во Хаг ќе го потврди барањето и наскоро Трчуловски ќе се врати во земјава.

Најпрво,  документацијата треба да стигне до судот, кој потоа ја доставува до обвинителството на трибуналот. Тој треба позитивно да се произнесе по барањето, како на Трчуловски би му се овозможило враќање во матичната земја.

Инаку, Јохан Трачуловски издржува дванаесетгодишна затворска казна поради натаните од 2001-ва година во скоското село Љуботен.

OhridNews