Унијата на млади Турци од турска диаспора веќе 21 годинa организира состаноци, конгреси,семинари за млади Турци од турската диаспора, на која присуствуваа претставници од Македонија.
На Првиот конгрес на млади бизнисмени од турската диаспора која се организираше во Истанбул во периодот од 26-30 ноември 2013 присуствуваа 250 млади од 24 Евроазиски држави. На овој конгрес се зборуваше за економските перспективи и соработка во областа на туризмот, градежништвото, текстилот и прехрамбената индустрија. На крајот од состанокот се донесе одлука за формирање на Бизнис унија на млади Турци со седиште во Истанбул, чиј член од Македонија ќе биде и Таркан Чапкун од охридската невладина организација УФУК.
Унијата на млади Турци е меѓународна невладина организација формирана во 1992 година со седиште Баку, Азербајџан. На овој конгрес Р.Македонија беше преставувана од Таркан Чапкун потпретседател на НВО УФУК, кој оствари средби за извоз на познатиот македонски бренд ресенското јаболко и други прехрамбени производи. На состанокот беше презентирано земјоделието во Македонија и проблемите со кој се соочуваат производителите во пласманот на земјоделските производи.
OhridNews