Ракометарите на Охрид во рамки на 17-то коло од Супер лигата во недела ја пречекуваат екипата на Еурофарм Пелистер.
Во недела го играме последниот натпревар на домашен терен за оваа година. Ни доаѓа актуелниот шампион на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер. После победата во Тиквеш фокусот ни е на овој натпревар. Ќе го дадеме сите максимумот за да се покажеме во што подобро светло на овој натпревар. Ги повикувам навивачката група „Рибари“, љубителите на ракометот, да дојдат во што поголем број да уживаат во овој натпревар, изјави капитенот на ГРК Охрид Иван Тасески.
Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата „Билјанини извори“.
OhridNews












