– Натпреварот го започнавме доста сериозно без да го подцениме противникот иако се наоаѓа на последната позиција од табелата. Во првите неколку минути натпреварот беше изедначен (2:2) и по моја иницијатива како да го предосеќав следниот резултат на моите соиграчи им реков ајде сега прајме добра серија и ќе заводиме 20:2. Тоа и се случи. Убедливото водство ни дозволи и малце да се опуштиме па направивме и неколку атрактивни голови, а еден од подобрите беше цепелинот кој го изигравме јас, Томовски и Трифуноски – рече најефикасниот на натпреварот осум голови, Иван Тасески.
Поради суспензијата на теренот “Билјанини Извори“, охриѓани следните два натпревари како домаќини ќе ги играат во Битола.