Претпоследната рунда од плејаутот во Супер лигата ќе ја донесе четвртата и последна пресметка помеѓу локалните ривали Струга и Охрид. Домаќин на четвртото дерби оваа сезона ќе биде составот на Струга, кој ќе го пречека Охрид в сабота (утре) во СРЦ Тими со почеток во 18 часот.

Домашниот терен и навивачите секогаш беа адут на екипата домаќин, а охридските ракометари подготвени се да се борат за победата и задржување на позитивниот ефект со струшката екипа.

  • Игравме три пати оваа сезона, добро се познаваме и нема тајни помеѓу нас. Се надевам дека со добра игра во одбрана ќе успееме да го добиеме натпревари и да ги освои првите бодови на гостински терен против Струга.  Дерби си е дерби и нема врска што натпреварот нема резултатско значење. Напротив, притисокот кој ќе го нема треба биде олеснителна околност и двете екипи да одиграме добар и квалитетен меч. Трите пресметки ја одбележаа сезоната и убеден сум дека со декорот од навивачите и нашата борба на теренот повторно ќе биде така и цела Македонија ќе зборува за популарното „Езерско“ дерби. – изјави пивотменот Иван Тасеки.

РК Струга одлучи средствата од билетите да ги донира на сметката од Мартин Стојаноски, кој настрада во сообраќајна несреќа. Мартин Стојаноски е голман во ФК Лабуништа и за повторно да застане на нозе треба да се оперира во Москва, Русија.

OhridNews

„Езерското“ ракометнo дерби во знакот на хуманоста