Охриѓани втора сезона по ред неможат да го направат оној чекор, кој ќе ги одведе до елитното ракометно друштво. Во четирите последни натпревари “белите“ забележаа само една победа и тоа над Јехона, што беше премалку во трката за позициите кои водат во Супер лигата.


– Исто како минатата сезона така и оваа година на крајот извисуваме во трката со останатите екипи. Лани екипата на Зомимак беше далеку поквалитетна, а оваа сезона Струга и Радовиш не беа ништо подобри од нас – рече Тасески.

Што се однесува до мечот со Работнички, охридските ракометари одиграа солидно полувреме каде имаа и предност, но тоа не беше доволно за триумф.

– Како и секој натпревар така и овај го изигравме од срце. Натпреварот до полувреме беше тесен се играше гол за гол. Во почетокот на второто полувреме дојдовме до позитива на 2 гола. Но, тогаш стигна ветерот во грбот што им го дадоа судиите на домаќините. Тие тоа го искористија постигнаа неколку лесни голови ние неможевме да се комплетираме од исклучувања и поразот беше неминовен –
потенцираше Тасевски.

Охриѓани во претпоследното коло на домашен терен во Битола го пречекуваат составот на Ринија додека во последната рунда охридските бели се слободни.

Мх.П.