Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело  „Овозможување на употреба на наркотични дроги„, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(23) од Охрид.

Пријавениот,во својот дом, на 22.02.  годинава, на неговиот пријател  Д.Ѓ(22) од Охрид,  му овозможил злоупотреба на опојна дрога Хероин. Од страна на Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, на двајцата  им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.


Пријавените, истиот ден, заедно го сториле и кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„. На нивниот заеднички пријател Х.Б.(21) му продале една паковка опојна дрога Хероин, кој за тоа платил 200 денари и како залог,оставил еден мобилен телефон марка „Самсунг„.  Незнаејки за што се работи, примо-предавањето на дрогата, парите и мобилниот го извршил неговиот повозрасен татко. Пријавениот Б.Т. на 15-ти овој месец, во дворот од семејната куќа, на И.Д. (22) од Охрид, по цена од 500 денари, му продал една паковка опојна дрога Хероин која  понатака, во комбинација со алкохол и на заедничка средба, требало да биде поделена со други наркозависници од Охрид.


 

По претходно добиена судска наредба за претрес, во домот на Б.Т. сокриени во подкровјето, во ранец и платнена торба, пронајдени се 4 грама Хероин,  еден гасен пиштол марка „Екол„ со 11 парчиња муниција и една испукана чаура од пиштол, 36оо денари во различни апоени, седум мобилни телефони, две рачни радио-станици, патики, поголема количина златен накит, пластични шприцеви ,игли отпушоци  од рачно изработени цигари и други предмети. Во патничко моторно возило марка „Југо„ кое со фалсификувани регистарски таблици го управувал пријавениот Б.Т.    пронајдени се повеке метални хебли и цевки и други предмети, кои се предадени за вештачење.

OhridNews