На тенискиот турнир „Адриа Куп“ во организација на Новак Ѓоковиќ се рашири вирусот Ковид -19 во „белиот спорт“. Позитивни на коронавирусот се тенисери, членови на стручните штабови и лица од техничката поддршка. Светот за виновник го најде Ѓоковиќ, а неговиот татко Срѓан го впери прстот кон бугарскиот тенисер Григор Димитров кој прв објави дека е заразен со вирусот.

Според Срѓан, Димитров во Белград каде и започна турнирот допатувал со благи симптоми но избегнал тестирање. Бугаринот учествувал на сите забави и воопшто не се пожалил на било какви болки.

Димитров одби да се тестира и ни нанесе голема штета. Новак не се чувствува најдобро поради целата ситуација, а не поради вирусот. Но, ние мора да продолжиме напред и да се справиме со новонастанатата ситуација. – изјави Срѓан, таткото на Ѓоковиќ.

Позитивни на вирусот покрај Димитров се Новак и неговата сопруга, Троицки и сопругата, Чилиќ, лица од стручните штабови на Ѓоковиќ и Димитров и една новинарка од Хрватска.

OhridNews