По 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ, информираат од ТАВ Македонија. Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година.

Оваа прекрасна нова авиолинија меѓу Скопје и Амстердам ќе биде одлично воздушно поврзување со главниот град на Холандија, перфектно за продолжен викенд или за одмор во градот каде што македонските граѓани ќе можат да го доживеат енергичниот град познат по својата уметност, култура, историја, архитектура и живописни пејзажи, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со ова ново дополнување кое е резултат на напорите на ТАВ Македонија за развој на мрежата на авиолинии и на скопскиот и на охридскиот аеродром, аеродромскиот оператор продолжува со својата посветеност да го прошири своето портфолио преку збогатување на мрежата на авиолинии, истовремено обезбедувајќи им на патниците подиректни опции, како и обезбедувајќи беспрекорно и ефикасно патничко искуство, додаваат од ТАВ Македонија.
OhridNews











