Генералниот директор на “ТАВ Македонија” Зоран Крстевски и менаџерот за маркетинг и развој Зафер Меше неделава во Приштина и во Врање ги презентираа можностите на скопскиот аеродром, во обид да привлечат повеќе патници од Косово и Јужна Србија.

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ со авиолинии во моментов е поврзан со аеродромите во Анталија, Анкона, Амстердам, Белград, Бергамо, Брисел, Дортмунд, Дубаи, Дизелдорф, Ерџан, Ајндховен, Истанбул, Измир, Љубљана, Лондон, Малме, Мемингем, Мулуз, Палма де Мајорка, Рим, Сабиха Ѓокчен, Штутгарт, Тревизо, Виена, Загреб и Цирих.

Од есенва преку „Виз Ер“ од скопскиот аеродром по цени кои почнуваат од 10 евра ќе се лета до шест нови европски метрополи, а преку компанијата на „Флај Дубаи“ македонскиот главен град е директно поврзан со Дубаи, најавуваат од ТАВ. Оттаму информираат дека амбициите се „Александар Велики“ да стане регионален аеродром што ќе опслужува дури 4,3 милиони патници
годишно.

Во информацијата не се наведува кои се амбициите на ТАВ за аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

OhridNews