Концесионерот на аеродрмите во Македонија, компанијата „Тав“, информира дека по лажната дојава за подметнати бомби на аеродромите во Охрид и Скопје, состојбата е нормализирана и нема причина за паника.
„На бројот за информации на скопскиот аеродром беше добиена дојава за бомба на аеродромите во Скопје и Охрид. ТАВ Македонија постапи во согласност со безбедносните процедури и веднаш го повика анти-терористичкиот тим на МВР кој изврши целосна безбедносна проверка и притоа беше утврдено дека нема причина за грижа, по што и двата аеродроми продолжија со нормалните активности.“-соопшти „Тав“.












