Најдоцна за месец и половина ќе започнат градежните активности за модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, најави раководоството на турски ТАВ, концесионерот на македонските аеродорми,
Во тек се подготвителните работи за реконструкција и на скопскиот аеродром, а вкупната инвестиција за модернизација на македонските воздушни пристаништа е проектирана на 200 милиони евра.
Ревитализацијата на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе ја раководи компанијата „ТАВ констракшн“, а во тек се преговори со повеќе македонски градежни фирми за ангжаман како подизведувачи.











