Пукна и лето! Период кога потребата од ладно пиво, прскалици со фактор 50, депилациони креми и анти-целулитни масажи паралелно расте со разочарувањето од обидот да влезеш во тесната, летна гардероба. Ама не очајувај! Дојди на тазе, топла ИМПРОВОКАЦИЈА во нашиот ладен КЕРАЛ и очекувај горештина од КОМЕДИЈА!
Час и петнаесет минути пеколна комедија со актерите од Охридскиот театар: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Ангечичин – Жура и Никола Јосифоски, во петок 14-ти јуни од 20:00 часот.
Картите за Импровокација може да се купат во Музичка Продавница Зизи Топ, или со резервација на 075 283 066, по цена од 200 денари, односно по цена од 2 саати паркинг во центар во Охрид, или две кафиња покрај езеро, велат низ шега импровокаторите.
Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе би...
Од 13 до 15 ноември, „Home Center“ во Охрид ги пречекува посетителите со попусти на новогодишниот асортиман, намалени цени на дел од останатата понуда и послужување за сите Празничната атмосфера по...
Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното насле...