Директорот на АД МЕПСО, Бурим Љатифи заедно со дел од менаџментот на компанијата денеска во ТС Охрид ја прими вршителката на должност, амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс и ја запозна со динамиката на реализација на проектот за енергетско поврзување на Македонија со Албанија.

Во фокусот на средбата беше напредокот проектот за енергетско поврзување со Албанија и неговото значење за поголема сигурност на електроенергетскиот систем и поголема прекугранична размена.

Поврзувањето со Албанија преку 400 kV далекувод Битола–Елбасан не е само инфраструктурен проект. Тоа е важен чекор кон зголемување на енергетската сигурност, проширување на прекуграничната размена и зајакнување на регионалната интеграција. ТС Охрид влегува во завршната фаза, додека изградбата на далекуводот се одвива со добра динамика и со видлив напредок на терен. Нашиот ангажман продолжува и понатаму, со планови за уште посилно поврзување со Косово и Бугарија, како и за унапредување на поврзаноста со Грција, посочи Љатифи.

OhridNews