СДСМ освои 245 гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ 149 на прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, соопшти вечерва Државната изборна комисија(ДИК).
Од ДИК уште појаснуваат дека вкупно на гласање излегле 402 гласачи, а покрај СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по еден глас добија ДУИ и ДПА, додека два гласа освои ВМРО за Македонија.
Според овој резултат бројот освоени мандати од гласањето на 11 декември не е променет, односно ВМРО-ДПМНЕ останува на бројката од 51 мандат, а СДСМ 49.
OhridNews
извор: „Макфакс“