Во рамки на програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“ денес ќе биде одржана театарска работилница со „Љупка и Љубица“ во изведба на Театар за тебе.
Тоа се две девојки кои преку интерактивна и едукативна игра ќе не водат низ работилницата со „Љупка и Љубица“!, информираат организаторите.
Работилницата ќе се одржи во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.
OhridNews