Театарската претстава „Бара“ во изведба на младите волонтери-актери од театарската група на Црвен крст Охрид во среда, на 20-ти септември 2023 година, со почеток во 20 часот по вторпат ќе биде изведена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Претставата „Бара“ премиерно беше изведена на овогодинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ и успешно претставена во Требиње, Босна и Херцеговина.

Не пропуштајте ја оваа можност да го препознаете талентот и креативноста на младите актери- аматери, волонтери на Црвен крст Охрид, со што давате поддршка на работата на театарски надарените волонтери и поттик за младите да се приклучат, ги стекнат и негуваат вештините на актерството, велат од Црвен крст Охрид.

Претставата „Бара“ е исповед на жртвите на еден систем и нивните животни предизвици. Сценариото и режијата се на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованска Сион Доленц.

OhridNews