Во сабота со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Григор Прличев” повторно ќе се прикажува театарската претстава “Ни ваму, ни таму”, која е заеднички проект на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа.

Станува збор за современа приказна за една вечна македонска тема – македонското печалбарство. Претставува еден поинаков, посвеж и многу подуховит осврт на проблемот – да се оди НАДВОР или да се врати ДОМА?

Ни таму, ни ваму“- преку актерската игра, напати комична, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени заради лошото време го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Европски аеродром, го пренесува  емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници.

Во претставата играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа,  Стрезо Стаматовски.

OhridNews