Центар за култура „Григор Прличев“
Од 31.03.2022 - 20:00 до 31.03.2022 - 21:30
Љубителите на театарот во четврток ќе имаат можност да ја погледнат театарската претставата „Сопружници“ од  Вуди Ален во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.
„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.
Во претставата играат Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

OhridNews
					




							






