Tеатарската приказна „Разгаленка” вечерва за најмладите
22.08.25 10:01
Денес со почеток во 20:30 часот, на сцената на плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет) ќе биде изведена театарската приказна за најмладите „Разгаленка” во рамки на програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“.
Станува збор за комична претстава за деца која е од бајковит карактер. Главната улога е принцезата која е премногу разгалена и секогаш тоа што ќе го замисли сака да биде по нејзино. Мислејќи дека има право на се, таа само си прави лоши работи за на крај да го разлути нејзиниот татко кралот и тој да посака таа да не биде принцеза. Но, со помош на помошничката од кралството, животното – миленик на кралството и децата од публиката, кои се кралски советници, принцезата се променува бидејќи сите почнуваат да ја викаат Разгаленка. Таа тогаш разбира целосно што значи правото на детето, но и исполнување на обврските.
Низ многу комични ситуации, интеракција со децата, оргиналност во сценографија и костим „Разгаленка” ќе ги освои срцата на детската публика, велат организаторите.
Во претставата играат Ема Давчева, Сашо Ристовски и Магдалена Ризова – Черних, а истата е во режија на Сашо Ристовски.
Пред почетокот на претставата, со почеток од 19:00 часот ќе се одржи книжевен хепенинг со промоција на книги за деца и работилници.
На 18092026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридск...
Промоција на здрави животни навики, спортот, грижата за оралното здравје, но и многу забава и бројни награди приреди денешната 19-та по ред традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција „...
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од К...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.