ЈП „Охридски комуналец“ ги потсетува сопствениците на хаварисани возила кои се депонирани во кругот на Р.Е.„Механизација“, дека треба истите да ги отстранат од наведената локација.

– Доколку истото не го направат во рок од 10 дена, кој е во тек, хаварисаните возила ќе бидат дислоцирани на депонијата за градежен шут „Мауцкер“,предупредуваат од јавното претпријатие.