Локалната самоуправа во соработка со ЕВН Македонија работи на отстранување на техничките проблеми кои се појавија при поставувањето на Лизгалиштето на мраз, поради што во тек се градежни зафати на дел од улицата „Кеј Маршал Тито“ и околу градскиот плоштад.

Искрснаа технички проблеми околу поставувањето на струјните кабли , градскиот плоштад досега немаше таков капацитет на снабдување со електрична енергија како за оваа намена, па ние се погриживме заедно со ЕВН да го решиме проблемот со цел да се создадат услови за функционирање на лизгалиштето, но и за други активности кои би се одржувале во иднина на овој простор, изјави раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Лизгалиштето се очекува да биде ставено во употреба во недела или понеделник, со настап на позната македонска музичка ѕвезда чие име сеуште не се открива.

Т.К.