Секретарот на Општината Охрид, Димитар Спасески ги прими теквондистите од клубот „Hwa Rang Itf“ кои на меѓународниот турнир во Бачка Топола, Србија освоија пет одличја.

Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да ги подржува спортските клубови од град Охрид и ќе се труди да им ги обезбеди условите кои им се потребни за нормално функционирање.
На меѓународниот турнир во Србија покрај охридските теквондисти учествуваа од Австралија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Босна и Хрцеговина, Унгарија и Бугарија.
Ohridnews











