Бесплатната линија во канцеларијата на Народниот правобранител започна да функционира со цел да им се овозможи на граѓаните, доколку забележат, да пријават неправилности во предизборниот перод и на денот на гласањето.
Пријавувањата ќе можат да се вршат секој работен ден од 8 до 16 часот, а по пријавите ќе се постапува веднаш по повикот или снимената порака.
Проектот е финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.