Стадионот со најголем капацитет во Македонија комплетно се ребрендираше и од сега ќе го носи името Телеком Арена, а не Филип Втор кое го доби после реновирањето и проширувањето.
Македонската спортска гордост потпиша долгогодишна соработка со најголемата телекомуникациска компанија во нашата земја „Телеком“ затоа дојде до промена на името.
Сега веќе Телеком Арената на големо се подготвува за Супер купот на Европа кој ќе се одигра во август месец оваа година. Во Скопје силите ќе ги одмерат победникот од Лигата на Шампиони и победникот од Лигата на Европа.
Минатата година и спортската сала Борис Трајковски го промени името во ВИП Арена после склучената соработка со Оне.Вип компанијата.
Со овие потези Македонија и спортските храмови ги следат модерните трендови за комерцијализација на објектите кое има голем замав во светски рамки.
Фото: Телграф.мк
OhridNews