Турската телевизија TRT World, деновиве снима репортажа за Охрид. Познатата медиумска куќа со 24 часовна програма која се емитува низ целиот свет сними и интервју го градоначалникот на Охрид, во чиј фокус била неодамнешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.
Разговаравме за актуелната одлука на УНЕСКО поврзана со Охрид, за сите досегашни активности за исполнување на препораките, идните планови за заштита на светското природно и културно наследство и за подобрување на условите за развојот на туризмот. – информираше на официјалната страна на Фејсбук градоначалникот Георгиески.
OhridNews












