Во присуство на пријатели, деловни партнери, претставници на локалната самоуправа, на институции, политички партии, јавни личности, колеги и бројни гости, охридската локална телевизија „Морис“ синоќа во ресторанот „Маеми БА“ го одбележа 18-от роденден.


Роденденот на Тв „Морис“ одбележан свечено

Присутните на свеченоста која мина во пријатна атмосфера ги поздрави сопственикот на телевизијата Јован Трпески, кој се осврна на развојот на телевизијата.


Растевме полека но сигурно – истакна сопственикот Јован Трпески

Позната по негувањето на традиционалните вредности, Македонските народни приказни, продукциски и други проекти, Тв „Морис“ во годините на постоење се избори за свое место на локалната медиумска сцена. Екипата која стои зад „Морис“ најавува дека и натаму посветено ќе работи на подобрување на квалитетот на програмата на телевизијата чиј заштитен знак е слоганот „Гледајте за да не ви раскажуваат“.


На гости дојдоа пријателите, сораборниците…

…Тука беа и колегите

Работна прослава

Ведро расположение

Музиката е заштитен знак на Телевизија „Морис“

OhridNews