Телевизија Морис деновиве одбележува 18 постоење. Уште од  самиот почеток од започнувањето со работа, поради големата конкуренција од останатите медиуми, Телевизија Морис функционира следејќи го концептот на национален, патриотски медиум, почитувајќи ги традицијата, обичаите и навиките на македонскиот народ. И покрај скромните технички можности, за краток временски период успева да се воздигне во пристоен медиум со завиден број на гледачи.

После повеќе годишни напори Телевизија Морис се воздигнува во модерна телевизија, која опфаќа подрачје на гледаност во две општини: Охрид и Струга. Располага со комплетна дигитална опрема и техника, најсовремени дигитални камери, компјутерски монтажни единици и целосно опремени студија.

Посветува големо внимание на информативниот дел, каде исклучиво се  обработуваат  локалните настани, но често и поважните национални вести. Носејќи се со мислење дека продукциските производи се носител на секоја телевизија, Телевизија Морис ја насочи цела своја материјална, кадровска и техничка енергија во продукција на: документарни емисии, хумористична серија во 60 епизоди, продолженијата на “Македонските народни приказни”, а изработени се и бројни музички спотови.

Телевизија Морис е една од ретките телевизии која оди со такво темпо на продукција и е убедена дека ваквиот начин на работење ќе и наметне вредности кои ќе ја вбројат меѓу  познатите македонски и европски телевизии.

OhridNews