ТВМ Телевизијa прерасна во регионален медиум. Оваа се должи на одлуката која ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Телевизија ТВМ постои веќе 22 години и располага со кадровски и технички потенцијал за да се носи со ваков формат на регионална телевизија.
-Ова е значаен момент во развојот на медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик. Нашата телевизија продолжува да работи според своите принципи за точно, навремено, професионално и објективно информирање на јавноста. Адутот секогаш бил и ќе остане информативната редакција и ТВМ Дневникот, чие мото е „Вести на кои им верувате“. Уредувачката политика на овој медиум, во основа и единствено е определена со: независно, непристрасно, објективно и навремено информирање. Никакви други лимити не постојат во уредувањето на програмата и емисиите, со оглед на желбата и определеноста да овој медиум претставува форма за презентација на богатство на ставови, мислења и програми, велат од телевизијата.
Оттаму потенцираат дека гледачите во поширокот регион во кој зрачи Телевизија ТВМ ќе маат можност да ја гледаат богатата програмска шема на телевизијата, која изобилува со дневно информативни, политички, документарни и контактно забавни емисии.
OhridNews